Градоначалникот на Кочани вели дека со секој објект ќе се постапува согласно законите и смета дека во неговата општина работите, главно, се под контрола
Во исчекување на новиот закон за легализација на дивоградби – забрзано се гради и во заштитените подрачја.

„Чекаме сега Заев да го донесе законот за легализација“, вели граѓанин, додека ја доградува викендичката во Пантелеј.

„Како беззаконие да е. Како да не сме држава“
вели жител од селото Нивичани.

Меѓу оние што „кренаа“ викендички на падините на Осоговските Планини се и надлежни за спроведување на законите – началник во кочанската полиција и неговата сопруга – вработена во Општината. Против двајцата има и кривични пријави, но дивоградбата се уште стои.

„Ќе постапувам согласно законот. Бидете уверени“, вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев за ,,360 степени”.
Извор: ,,360 степени”