СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(38) од Тетово, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 12.03.2021, полициски службеници од СВР Тетово и инспектори од ДПИ извршиле контрола во угостителскиот објект,

при што констатирале дека има околу 40 гости на семејна веселба со што не биле почитувани мерките и протоколите на Владата за спречивање на ширењето на Ковид 19.