52 годишниот Зоран Нацевски од Скопје го живее вториот живот. 26 дневната битка во ковид центар со кислородна поддршка остави трајни последици врз неговото здравје.

Исплашен и разочаран со солзи во очите Нацевски за Алфа ТВ раскажува низ какви маки поминал за да биде хоспитализиран, но и за пеколните моменти поминати во болница, особено првите три дена во ковид центарот на Клиниката за ОРЛ.

Нацевски од срце се заблагодари на неговите најблиски роднини и пријатели, за како што вели, вториот живот го живее благодарение на нив и на медицинскиот персонал.