Откако се подобрило здравјето на еден 93 годишен страрец од Италија, кој бил заразен со коронавирус, бил замолен од болницата да ја плати сметката што дишел еден ден на респиратор.

Старецот се расплакал. Лекарот му кажал да не плаче за сметката, на што старецот одговорил и ги расплакал сите лекари.

„Не плачам за парите кои мора да ги платам. Тоа можам да го платам без никаков проблем. Плачам заради тоа што веќе 93 години дишам од воздухот кој Бог ми го дарува, а никогаш и ништо не морав да платам. Цената за дишење на респиратор за еден ден е 500 евра. Знаете ли колку му должам на Бог? Никогаш претходно му се немав заблагодарено на Бог за тоа!

Зборовите на овој старец нека нè замислат. Кога слободно ќе вдишиме воздух, без болки или болести, воздухот не го сфаќаме сериозно. Го сфаќаме дури тогаш кога во болница ќе дознаеме, дека и дишењето на кислород со помош на апарати се плаќа. Благодарам на Бог на времето кое ми го даде низ целиот живот да можам слободно да дишам.

Ти благодарам Господи што сите мои сметки ти ги плати на крстот.