Инвестициската компанија на Бил Гејтс префрлила 1,8 милијарди долари во акции на сопругата Мелинда истиот ден кога парот објавил дека се разведуваат по 27 години брак, известува Канал 5 телевизија

Cascade Investment, холдинг компанија основана од коосновач на Мајкрософт за управување со голем дел од финансиските средства, и префрлила повеќе од 14 милиони акции на канадските национални железници на Мелинда Гејтс во понеделникот, пишува Њујорк пост.

На истиот ден, 2,9 милиони акции на AutoNation биле пренесени на Мелинда Гејтс, што е околу три проценти од вкупните акции на компанијата. Врз основа на вчерашните цени на акциите, акциите на Канадските национални железници вредат повеќе од 1,5 милијарди долари, а акциите на AutoNation, производител на автомобили со седиште во Флорида, се проценуваат на повеќе од 300 милиони долари.

Двојката, која поднела барање за развод на почетокот на оваа недела, немала предбрачен договор. Наместо тоа, тие потпишале договор за разделување за поделба на имотот и вредностите, но условите на тој договор не биле објавени во судските документи.

ИЗВОР: Канал 5 телевизија