По завршувањето на конгресот, се очекува да бидат соопштени имињата на новите членови на раководството на партијата, вклучувајќи го и заменик-претседателот на СДСМ, кој треба да биде избран на местото на Радмила Шекеринска

Во својот говор претседателот на СДСМ Зоран Заев и се заблагодари на досегашната негова заменичка, како што рече „другарката Радмила“ која била со него во најтешките времиња за државата и партијата.

Заев се пофали дека ги покачиле платите, пензиите, социјалната помош, ја укинале радиодифузната такса, обезбедиле поврат на дел од ДДВ, креирале мерки за помош за излез од ковид-кризата…

Старо-новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев на партискиот Конгрес ќе ја предложи Сања Лукаревска, директорката на УЈП за нов заменик-претседател на партијата, дознава „Фокус“ од високи партиски извори.

Пред денешиот Конгрес Лукаревска одби да одговори директно на прашањето дали таа ќе ја заземе оваа партиска позиција. Досега, осум години на оваа функција беше Радмила Шекеринска.

ИЗВОР ФОКУС – линк Лукаревска ќе биде нов заменик-претседател на СДСМ – Фокус (fokus.mk)