Властите од сојузната американска држава Западна Вирџинија најавија дека на младите ќе им понудат по 100 долари доколку се вакцинираат против ковид-19, информира edition.cnn.com

Високите функционери на Западна Вирџинија се надеваат дека на тој начин ќе ја мотивираат популацијата од 16 до 35 години да ја прими вакцината против коронавирусот, пишува BBC.

„Нашите деца денес веројатно не сфаќаат колку всушност е важно да „згасне“ оваа работа со коронавирусот“, навел гувернерот на Западна Вирџинија, Џим Џастис.

Инаку, Западна Вирџинија е меѓу американските држави кои што се на врвот по бројот на вакцинирани жители, но тој напредок успорил во последниве неколку седмици.

Загриженоста е поголема поради тоа што токму младите се тие кои што се колебаат кога станува збор за одлуката дали ќе се вакцинираат против коронавирусот.

Младите кои што живеат во Западна Вирџинија според предлог на власта, би можеле да подигнат по 100 долари со камата која што би ја добиле при подигнување на парите, доколку одлучат да се вакцинираат против коронавирусот.

Ова ќе им биде понудено и на сите оние на возраст од 16 до 35 години кои веќе ја примиле вакцината против коронавирусот.

Гувернерот Џастис навел дека од жителите кои што можат да ја примаат вакцината, 52 отсто од граѓаните ја примиле и додал дека околу 40 отсто од населението сè уште размислува дали ќе се вакцинира.

Инаку, парите за исплата ќе бидат обезбедени од програмата на владата за закрепнување од ковид-19, а фондот ќе изнесува 1,9 билиони долари кој што насила стапил уште минатиот месец.