Да не дозволиме да се политизира тој настан од 27 април. Нека се случи помирување, да престане да има северџани и вмрони. На тој начин се уништува националното ткиво во Македонија. Мицкоски сака сите десни политички партии да ги стави под своја палка. На сите патриотиски здруженија им се ветуваат големи пари. Ветени им се 100 до 150 илјади евра ако ВМРО дојде на власт. Тие ќе му требаат на Мицкоски за локалните избори. Пописот ќе се случи на еден месец пред локалните избори. На попис во септември ќе се оди со истата методологија. Ако пописот во дијаспората не е прекинат, тоа значи дека тој не е прекинат.

Бидејќи ќе треба да учествува на такви избори сака да ги намали штетите од десните политички партиии и сака да ги собере на едно купче. Би сакал на тие протести кои ќе се случат на 25 април да протестирате против преговарањето со Бугарија и да барате враќање на името на државата. Се ми се чини дека нема да смеете да спомнете ниту Бугарија, ниту Грција. На тие протести нема да смеете да спомнете ништо ниту против Борисов, ниту против Красимир Каракачанов, ќе викате сичко ќе поткрепиме.

За да може да се спаси Мицкоски тој сака да биде дел на широка Влада. Штетите кои ќе ги има смета дека ќе ги компензира. Сите кои биле оддалечени од него, ако стане власт, ќе му се вратат на Мицкоски бидејќи тие беа научени на многу пари од Никола Груевски. Сега Мицкоски ако љубовта не може да се освои со симпатија, може да се освои со многу пари.

Затоа тешко дека некој ќе протестира против име, против Бугарија. Ниту Пандов, ниту свети Пандов нема да протестира против тоа. Може за се и сешто да протестирате, но против Преспанскиот Договор нема да протестирате.

Целата таа екипа на ВМРО после падот на Груевски гледа да се спаси. Последните три години отпочна процес на рехабилитација со кои се соочуваше власта на Груевски. Всушност ВМРО-ДПМНЕ и целата структура се обидува во изминативе три години да ни направи знак на еднаквост. Дека тоа што му се случувало на Груевски со шарената револуција ќе им се случува со такви протести сега. ВМРО-ДПМНЕ сака да ви испрати порака дека тоа и се случува и на власта на Зоран Заев.

Линк од емисијата на Васко Ефтов ВО ЦЕНТАР

Според Васко Ефтов Александар Николовски не е за потценување и тој оценил дека треба да тргне против Мицкоски и тој градел екипа која ќе го пензионира Христијан Мицкоски.

После барањето за тет-тет средба на Мицкоски со Заев, Николовски разбира дека нема да прифати мирен трансфер на власта во ВМРО-ДПМНЕ. Неговите настапи каде што тој брутално ја напаѓа власта на Заев е бидејќи тој ја разбира играта на Мицкоски и Заев. Тој ќе се обиде да наметне нова игра, нова енергија и да ја продолжи политичката кариера. Ако Мицкоски остане на лидерското место ќе треба да расчисти со структурите на Александар Николовски, рече Ефтов во емисијата.