Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во село Волково, скопско, го лишиле од слобода скопјанецот В.З.(53) поради сомнение дека околу 18:20 часот во селото пукал на семејна веселба.

Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава M59/66“ калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

СЛИЧНА СОДРЖИНА:

Скопјанка вчера пријавила обљyба врз нејзината малолетна ќерка извршена пред две години

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје, 48 – годишна жена од Скопје пријавила случај на обљyба врз нејзината малолетна ќерка.

Обљубата, според пријавата на скопјанката се случила пред околу две години и ја извршил нејзиниот поранешен партнер И.Н.(44).

Гро3оморниот чин врз нејзината ќерката поранешниот партнер го извршил во викенд куќа во кривопаланечко село.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.