Популарните јутјубери Ритко Мемедов од Битола и Стефан Лазаров од блиски другари, кои често можевме да ги видиме заедно, во изминативе неколку денови ги нарушија своите односи. Кој на кому помагал, кој е нефер „играч“, кој е подобар јутјубер, кој е тој кој има поголемо его и дали ова е реална „кавга“ односно несогласување помеѓу нив или пак е „фејк драма“ која е договорена, останува да видиме.

И едниов и другиов вложуваат во Јутјуб, имаат добра бројка на следбеници, се трудат да направат свој контент и да заработуваат од овој тип на работа, иако и двајцата имаат различен стил на водење на јутјуб каналите.

Видео од тоа кога беа заедно:

Во продолжение други видеа во кои се анализира кој е во право од страна на други јутјубери:

Ритко Мемедов вели дека во неровза го репортирал јутјуб каналот на Стефан Лазаров и вели дека пратил пораки до Јутјуб да се отстранат тие негови забелешки. Не е добро тоа што го направив, без разлика каква е расправијата меѓу нас, вели Мемедов.