Руската амбасада земјава го честиташе 24 мај, денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Со изјава од претседателот Владимир Путин го честитаа празникот на, како што велат, братскиот македонски народ.

-Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја, е изјавата од Путин која ја цитира амбасадата во Скопје.