Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, купил уште патент од „Рашковски-иноваторот“ што не го користи ниедна институција. Кабина за гласање за 105 илјади евра народни пари, се открива во најавата за емисијата ,,360 степени” која ќе се емитува вечерва на Алсат-М телевизија.

Него првично му беше изречена мерка куќен притвор, откако обвинителството покрена истрага за набавката на софтвер за Министерството за внатрешни работи, а кој полицијата не го користи.

Поради можноста Рашковски да влијае врз сведоци, му беше одредена мерка притвор.