Скопје ќе ја добие најголемата пешачка зона во Европа до крајот на 2023 година, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Рекорд, една од најпрометните улици во Скопје, ќе биде достапна само за пешаци и брзиот автобуски превоз, а според најавите, автомобилите нема да пречат ниту од Стара Железничка па се до Битпазар.

-Со почеток на имплементација на бас-рапид транзитот, таму ќе биде дозволено движењето само на овие и на противпожарните и амбулантските возила. Останатиот вид на сообраќај ќе мора да се дисперзира по средниот ринг. Мораме да одиме паралелно со тие димензии, затоа што мораме да дадеме и алтернативен начин на граѓаните за движење низ центарот, па да го затвориме авто-сообраќај и тоа како стратешка цел на нашиот град ќе се имплементира заедно со првата фаза на бас-рапид транзитот,вели градоначалникот Петре Шилегов.

Дека булеварите можат и без автомобили покажа и денешниот настан улици за луѓе. За прв пат во Скопје е на 12 часа ослободен булевар од возила, каде што до 20 часот ќе бидат се движат само пешаци и велосипедисти. Поентата е наместо со автомобили, граѓаните да се стиумилираат за алтернативен начин на транспорт, посочи Шилегов.

Дарко Аштовски Петровски од иницијативата „НаТочак“ вели дека во градов изминативе години е подобрена инфраструктурата за велосипедисти и пешаци, но сепак состојбата е далеку од одлична.

-Убаво во е во Скопје луѓето да се научат дека пред се улиците се за луѓе. Забораваме полека дека овие улици беа наменети за да играме на нив, за жмурка, за собир за сервис. Последниве години од што се собраа многу коли и паркинзите ги снема, немаме каде да се собираме веќе, ниту луѓето да прават муабет ни точаците каде да возат, изјави Дарко Аштовски Петровски – Иницијатива „НаТочак“.

Од иницијативата денеска ја одржаа 86-тата критична маса со која активистите одбележија 9 години праќање пораки за безбедни улици и подобра велосипедска инфраструктура. Тие почнаа со својата рута од плоштад „Македонија“, продолжија до зоолошка, а завршија на улицата Васко Карангелески во О. Аеродром.