Директорската фотелја во Државниот пазарен инспеторат останува празна. Владата го разреши првиот човек на ДПИ Стојко Пауновски.

По неколкудневните закани за разрешување на Пауновски премиерот Зоран Заев денеска топката ја префрли на Владата. Рече не сака да се расправа преку медиуми.

Додавајќи дека Од коалициониот партнер ДУИ немало никакво барање дали да се разреши или не дирекротот на ДПИ.

“Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања” – изјави за Телма, Стојко Пауновски.