Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот, е предложено на денешниот состанок на Централниот кризен штаб, а одлуката треба да биде усвоена на утрешната владина седница. И понатаму дозволено ќе биде да работат само летните тераси на угостителските објекти, дознава СДК.МК.

Ова доаѓа по одлуката полицискиот час да не важи вечерта во која верниците одеа во храмовите и црквите, ноќта меѓу 1ви и 2ри мај и да не важи на 12ти мај, за најголемиот празник за муслиманите – Рамазан Бајрам

Ваквиот предлог доаѓа откако изминативе денови паѓаат бројките на новозаразени лица со Ковид-19.
Вчера беа регистрирани 105 нови позитивни на ковид-19 од 946 тестови, а активни се 14. 276 случаи.
Извор: СДК.МК