Сосед од Загреб ја пријавил пејачката Северина во полиција, бидејќи наводно фрлала со јајца кон него, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што пренесува порталот 24сата.хр, соседот на Северина рекол дека свежи јајца „му цеделе низ маицата и панталоните“, а тој го пријавил случајот во полиција.

Северина дала изјава во полиција, а како што е наведено понатаму, за време на интервенцијата пејачката изјавила дека „воопшто не знае за какви јајца зборува комшијата“и дека за тоа време „ручала на маса со своето семејство“.

Сепак, нејзиниот сосед потврди дека и покрај овој случај тој и претходно имал проблем со пејачката

„Некој ми ги извади бришачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам“, им се довери на своите пријатели во една прилика истиот сосед, кој живее на Козјак, Загреб, на иста адреса каде што живее и пејачката.

Линк Severina (@severina) • Instagram photos and videos – извор од Слободен Печат