Ова не е прв пат кафулето „Три кичен бар“ кое се наоѓа пред влезот на Клиничкиот центар да не ги почитува протоколите за работа во време на пандемија, пишува Слободен Печат

Седум лица се уапсени ноќеска околку 1.30 часот во скопското кафуле „Три кичен бар“. Апсењето уследило бидејќи бил прекршен полицискиот час и мерките за заштита од ковид-19.

Од МВР велат дека во 1.30 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на улица 50 Дивизија во Скопје. Притоа, во објектот биле затекнати седум лица, меѓу кои и Х.Џ.(43) од Скопје, одговорно лице во објектот.

Утврдено е дека објектот работи по дозволеното време односно не се почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита од ковид-19.

Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Ова не е прв пат кафулето „Три кичен бар“ кое се наоѓа пред влезот на Клиничкиот центар да не ги почитува протоколите за работа во време на пандемија. На 18 декември 2020,

гостите седеа во темница чекајки да си одат инспекторите. Полцијата тогаш иако била таму, како што своевремно изјави поранешниот директор Пауновски, се однесувала како да ги штитела присутните во објектот.

Службениците се правдале дека не знаат како да влезат внатре, но инспекторите биле упорни бидејќи сфатиле дека гостите седеле со изгасени светла и ги чекале да си заминат. Вратата на „Три кичен“ била затворена, па гостите од овој објект се обиделе да излезат од другата врата, односно преку вратите од „Станица 26“ за да избегаат. Ама инспекторите ги чекале од двете врати, направиле записник и го затвориле „Станица 26“.

Потоа, на 14 март годинава, истиот локал беше затворен од Државниот пазарен инспекторат бидејќи не се почитуваа ковид-протоколите.

„Затекнавме полни локали, млади луѓе безгрижно се забавуваат со гласна музика, играат и пејат. Во центарот на Скопје ги затворивме локалите ‘Интермецо‘ и ‘Три кичен‘. Казната е забрана за работа од 10 до 30 дена, парична казна од 5.200 евра, како и прекршочна пријава“, изјави на 14 март тогашниот директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.