Претседателот на Србија Александар Вучиќ е еден од најконтроверзните, но и најпознатите политичари не само на Балканот, туку и пошироко во Европа.

Имено, Вучиќ е човек кој за многумина од опозицијата во Србија важи за „диктатор“, но за други односно за мнозинството во Србија кое му укажува поддршка на изборните циклуси важи за реформатор кој Србија ја направи модерна и развиена држава.

Првиот човек на Србија и неговите луѓе направија вистински пресврт во борбата против коронавирусот откако станаа една од првите земји во Европа која изврши масовна имунизација на населението. Уште во текот на јануари месец во соседна Србија пристигнаа милион дози од вакцината Синфарм, а Србија беше и првата земја која на С. Македонија и донираше вакцини.

Дополнително, голем број на наши луѓе од Македонија, вклучително и новинари, административци и бизнисмени се вакцинираа во Србија кога за тоа се укажа можност.

На својот Инстаграм профил министерот за финансии на Република Србија објави видео со хаштаг Она Кога Те Вози Претседателот На Србија.

Претседателот на Србија во неколку наврати изјавил дека со министерот Мали се возат вонеговата „шкода“, особено навечер кога државните обврски го дозволуваат тоа

Сега имаме можност да видиме како тоа навистина изгледа.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО Siniša Mali, MBA, CFA, CAIA (@mali_sinisa) • Instagram photos and videos