Деновиве во одредени медиуми се шпекулира дека екс претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски ќе формира партија заедно со незадоволни членови од партијата. Сепак од кабинетот на екс претседателот не дадоа ниту потврда ниту пак демант за написите во медиумите. Денес на социјалните мрежи е забележана и нова фејсбук страница на Бранко Црвенковски за која засега не се знае дали е направена од негова страна или од страна на неговиот кабинет.

Она што е ново на политичка сцена е дека после година дена ќе се оствари средба и меѓу претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Oва доаѓа по изјавата на Пендаровски за настаните од 27 април која предизвика лавина од реакции и коментари.

За изјавата на Пендаровски во врска со осудените за настаните во парламентот на 27 април 2017 година, Заев рече дека тука не станува збор за ново помилување, туку дека секој има право да побара ново судење доколку има нови докази и аргументи

Средбата на претседателот Стево Пендаровски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски може само да биде од корист, нема зијан од тоа, изјави денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи за најавеното „одмрзнување“ на односите меѓу шефот на државата и опозицискиот водач.

„Нека има дијалог, Од тоа нема зијан. Гледате, мојата средба со Мицкоски, а потоа и со Зијадин Села и со Африм Гаши даде делумни резултати. Го одложивме пописот, почна набавката на скенерите за отпечатоци, а за возврат очекуваме деблокада на работата на парламентот. Така, се донесе петтиот пакет антикризни мерки, иако и тогаш требаше да доаѓаат во Собранието пратеници во скафандери“, рече Заев по денешното вакцинирање против коронавирусот.