Во однос на шпекулациите кои се пишуваат за заеднички кандидат на владејачките партии, се огласи првиот човек на Владата

Станува збор за модернизација на партијата, а истовремено е во духот на тоа што го работиме како Влада, е коментарот на премиерот Заев во однос на прашањето дали веста која утре ДУИ ќе ја соопшти на јавноста е поврзана со заеднички кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори. Заев негираше дека со коалицискиот партнер Али Ахмети разговарале на оваа тема.

„Воопшто не е разговарано за таква работа, за заеднички кандидат или компензации некакви. Се работи за платформа политичка, перспективи, иднина и тн, изјави Заев

Заев додаде дека СДСМ на 8 јуни ќе има Централен одбор за избор на шеф на републички изборен штаб, а во втората половина на јуни ќе почнат со теренски анкети. Кандидатите за градоначалници СДСМ ќе ги соопшти кон крајот на летото.