Наставник сум. Имам три деца, дома се, учат. Едно на мојот телефон, друго на таблет, третото на лаптоп. Јас работам на компјутер, стар, трокиран и без можност за поправка, вели во својата исповед анонимна наставничка во некое од училиштата во нашава ‘недојдија’.

На својот фејсбук профил, Гоце Бумбароски, наставник во ООУ Кочо Рацин – Прилеп, објави потресен текст, исповед од негова колешка, наставничка во некое од училиштата низ нашава ‘недојдија’, и мајка на три деца кои следат онлајн настава од дома.

Бумбароски пишува дека неговата колешка сака да остане анонимна затоа што, како што вели, ‘надлежните ѝ дишат во врат’.

Го пренесуваме интегрално, онака како што е напишан од анонимната наставничка. Сигурни сме дека ќе ве допре сите.

Наставник сум. Дома сум. Имам три деца, дома се, учат. Едно на мојот телефон, друго на таблет, третото на лаптоп. Јас работам на компјутер, стар, трокиран и без можност за поправка. Имаме три соби, сосема доволно за да се стуткаме секој во својот агол. Кога јас зборувам децата мора да молчат, не смеат да кренат рака оти другарите и наставничката ќе ја слушнат нивната мама.

Кога тие одговораат јас морам да испитувам, во тие две-три минути не смеам да зборувам. И така не принудија дома да станеме ‘мафија’, а децата ми беа нескршени кристалчиња. Но, од мака се научија да импровизираат, и не само моите, сите кристалчиња се скршија…

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.