Скопскиот фаст фуд ресторан ,,Бејкинг бред бургерс” одново ги предизвика оние кои се најмногу гладни. Имено, ако некој успее да го изеде огромниот сендвич кој тие ќе го подготват во рок од 25 минути ќе го добијат бургерот гратис, брендирана маичка, 1500 денари ваучер и ќе биде запишан на нивниот ,,wall of fame”. Kој нема да успее да го заврши предизвикот, ќе треба да плати 500 денари.

Бургерот содржи:
5 плескавици, 10 парчиња кашкавал, 10 парчиња сланина, сос и салати.
1 килограм тежи бургерот , 400 грама помфритот.