Министерството за здравство потврди дека кај нив е пријавен случајот на скопјанецот од критичната државна инфраструктура, кој наместо првата ја примил втората доза од руската вакцина Спутник В, која има различен вектор од првата, и преку Комисијата за имунизација даде препораки за конкретниот случај.

„Согласно достапните научни сознанија за ефикансоста во однос на начинот на делување на Спутник В, секундарен имун одговор се стекнува по примање на втора (бустер) доза со различен вектор.

Со оглед на фактот што вакцинацијата е спроведена со вакцината Спутник В, компонент II, земајќи го предвид горенаведното потребно е да се комплетира вакцинацијата со примање на втората доза на вакцината Спутник В, компонент I“, соопштија од таму.

Вработен во критична инфраструктура пред три недели заминал во салата Борис Трајковски да се вакцинира против коронавирусот за првпат. Меѓутоа, кога го добил вакциналниот картон, му станало јасно дека всушност му е вбризгана втората доза од вакцината Спутник В, односно ревакцината, а не првата доза како што требало.

Целиот текст прочитајте го на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ со клик Скопјанецот кој по грешка прими втора наместо прва доза од Спутник, ќе се ревакцинира со првата – Слободен печат (slobodenpecat.mk)