СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.Ј.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, се договорил со П.В. да го земе патничкото возило „мерцедес C350“ на проба, а потоа да му исплати 1.600.000 денари до крајот на декември 2020 година.

Меѓутоа, до денот на пријавување на кривичното дело тој не го извршил плаќањето, избегнувал контакт, не одговарал на телефонските повици и не бил достапен

ПОВЕЌЕ СОДРЖИНИ:ОД ДЕНЕСКА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 21 ЧАСОТ

Од денеска полициски час од 21 часот, се отвораат терасите на кафеаните, може да се организираат курсеви, обуки, работилници
Угостителските објекти од денеска ќе можат да ги отворат терасите и да работат до 20:30 часот. Од денеска престанува да важи и забраната за организирање, одржување и присуство/учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип.

Забраната за организирање свадби, родендени и крштевки останува, а продолжува да важи и забраната за работа на сите фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор.

Согласно владината Одлука донесена по препорака на Комисијата за заразни болести, угостителските објекти регистрирани за прослави (свадби, родендени и крштевки) ќе можат да ја организираат својата работа само како ресторани на отворено (на терасите).

И вежбалните, фитнес клубовите, спортските центри и спортските сали ќе може да ја извршуваат дејноста на отворен простор, согласно соодветниот наменски протокол.

Како што соопшти Владата, новите мерки ќе важат до 15 мај.