Од утре започнува масовната вакцинација на граѓаните со кинеските вакцини на „Синофарм“, кои се распределуваат во шест градови во Северна Македонија, каде во идниот период ќе бидат отворени вакцинални пунктови.

Салите каде ќе се одвива процесот на масовна имунизација се подготвени. 200.000 вакцини, најдоцна до утре треба да бидат дистрибуирани во спортската сала „Борис Трајковски“, како и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, каде ќе се одвива масовната вакцинација против Ковид-19. Министерот за здравство, Венко Филипче при пречекот на вакцините на ,,Синофарм” во изјава за медиумите најави дека дневно ќе се вакцинираат меѓу 10 и 15 илјади граѓани.


Од друга страна, повеќе граѓани во јавната група ,,Ковид-19 искуства и совети” јавуваат за грешки на системот за вакцинација. Имено, повеќе граѓани добиле порака во која им е закажан термин за вакцинирање, но надвор од нивното место за живеење.