Правда за уставобранителите, слобода за Македонија“ маршираше од Влада до Собранието. Извици за „Оставка“ и „Никогаш Северна, само Македонија“ одекнуваат од насобраните граѓани.

Поголем дел од насобраните граѓани носат транспаренти за ослободување на Јане Ченто, Горан Ангелов- Ќосето и другите осудени за на 27 април 2017.

Од пред Владата толпата помина покрај министерството за правда и се упати кон Собранието.

Меѓу присутните е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од пратеници и партиски функционери, во знак на поддршка на демонстрантите.