Фејсбук статус на сопругата на пратеникот Димитар Апасиев, Тамара

Во државава, многу жени се противници на доење на детето во јавност?! Не било убава глетка?! Дома да си седеле?!

А не им пречат децата што просат на улица или ѓубриштето расфрлано насекаде или исеченото зеленило и бетонот. За тоа, не коментираат. Тоа им е таман глетка?!

А и не е толку чудно, кога ќе видиш дека мизогинијата во голем дел произлегува од нив. Со тој памет, добро е што и дотука сме стигнале ко држава!

Пс. За таквите, поздрав од мене и моето дете – има 2,5 години и уште го дојам (и во јавност). Свртете глава ако не ви чини глетката!

Целта е прво да им обезбедиме да се чувствуваат безбедно, прифатено, разбрано. А паралелно да ги учиме и да им дозволиме да бидат и самостојни. Исак на пример, се сака да прави сам и му оставаме простор за тоа (околу хаос, ама целта е важна), ама уште сака и да цица. Буквално со зборови вели: ми треба. А секако ќе дојде ден наскоро, кога нема да му треба, додава таа во коментар.

Таа во претходниот свој фејсбук статус го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека е најужасен министер во историјата на земјава, споделувајќи го статусот на својот сопруг Димитар Апасиев

Филипче пак беше зафатен со возење мотор? Оти имаше еден Закон за ЦЕНИТЕ ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ за гласање! Најужасен министер во историјата на оваа земја!