Пругата со која ќе се стигнува од Белград до Скопје, како што стојат работите, нема да подразбира и изградба на сосема нова траса до Велика Плана, како што од порано е предвидено,туку ќе се оди преку Младеновац, пренесува српскиот бизнис порталот еКапија.

Неодамно е најавено дека изградбата на оваа пруга е поддржана и од ЕУ со 700 милиони евра, па претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека „Србија ја прифатила варијанта 4“.

Варијантата 4 предвидува реализација на брзина од движење на воз до 200 километри на час на пругата од Белград до Ниш, при што се исклучени делови од пругата за кои е процееното дека со зголемување на брзината ќе се доведе до значително зголемување на инвестициите, воглавно поради локалните ограничувања, а најголемиот број од станиците би се задржале на постоечките локации – велат од Министерството за градежништво за „еКапија“.

Со кинеската компанија „CRBC“ пред две години потпишан е Меморандум со кој е предвидено унапредување на капацитетите на делови од пругата Белград-Ниш-Прешево-државната граница на Македонија.

– Меморандумот за разбирање на проектите за реконструкција на делот на Коридор 10 ја дефинираше потребата од анализи на техничко и комерцијално ниво. Проценетата вредност на инвестицијата за делот Белград-Ниш е околу 2,2 милијарди долари, а за делницата Ниш-Прешево-државната граница со Северна Македонија потребни се околу 2,1 милијарди долари – пренесуваат од ресорното Министрство

Извор: Слободен Печат