Eтерумот со денови ги урива сопствените рекорди и се прогнизира дека ќе достигне цена од 10.000 долари.

Втората најпопуларна криптовалута по биткоинот, етерум, има вредност околу 3.500 долари, што е скок за повеќе од 5 проценти. Пред неколку дена, американската банка ЈПМорган објави интересна белешка за инвеститорите во која се обиде да објасни зошто втората најпопуларна крипто-валута – етерум, во последните неколку недели на пазарот поминува подобро од биткоинот. Се смета дека тоа е поради подобрувања во ликвидноста и поголем сообраќај на јавната блокчејн мрежа етерум. Биткоинот сега чини околу 57.200 долари.

КОЛКУ ВРЕДЕШЕ ВЧЕРА БИТКОИНОТ?

Битокоинoт вчера вредеше 55.169 долари.

Претходните викенди оваа криптовалута имаше вредност од 65.000 долари, а потоа падна на околу 55.000. Етериумот се движи кон вредност од 3.300 долари. Од почетокот на годината, тој се искачи над 325 проценти, додека најголемата криптовалута, биткоин, доби 95 проценти. Големите придобивки на етериумот следеа кога побарувачката за втора најценета криптовалута нагло се зголеми. Во последните неколку недели биткоинот значително заостанува зад етерот во интензитетот на раст.