Во море од негативни, стресни и вознемирувачки вести, секогаш им се радуваме и ги поздравуваме оние позитивните.

Едена таква, убава вест која заслужува голем поздрав, ни доаѓа од Детската клиника, каде уште еден мал пациент се збогуваше со Ковид-19 и една како што велат докторите, досадна болест, а сега има шанса да му се радува на детството и животот.

Нема поголема радост кога мајка си го гушка оздравеното дете ❤ особено ако станува збор за една опасница Ана, која како од шега отепа една Корона и една досадна малигна болест.
Денеска сите на Универзитетска Клиника за детски болести потпевнуваа “Браво Ана – браво Ана ” !
Епа, навистина браво Ана! – стои во објавата на фејсбук профилот на Детската клиника во Скопје.