Разрешениот директор на ДПИ во јавноста доби и поддршка, но и критики. Дел од граѓаните кои јавно го поддржаа Пауновски ги споделија своите статуси, а еден од нив се издвојува во целост

Но пред да го прочитате тој статус на Александар Донев, прв пренесен статус е оној на Милка Михаела Трмирхоси која вели вака:

По кој закон е да мораш да вработиш неписмени луѓе, без соодветно образование за работната позиција?
Добро бе до кога ќе се вработуваат партиски неписмени потрчковци? До кога партиската книшка ќе биде единствено важна за вработување? Ќе се најде ли некој свесен политичар кој ќе почне да го цени знаењето, вложениот труд и чесноста?
Почитуваниот Стојко Пауновски да формира партија и тој да дојде на чело на оваа држава. Затоа што само во него можеме да имаме надеж за подобра иднина.

До сега и едните и другите ги видовме и оценивме и веќе не заслужуваат да бидат гласани на избори, пишува таа.

Силна поддршка за директорот на пазарниот инспекторат Stojko Paunovski, обвинителката Lence Ristoska и за сите вакви и слични исклучоци кои водат борба и му пркосат на нашиов држава=партија систем и на ракот на нашето општество, јавната администрација.
Искрено избегнувам да коментирам тука на вакви теми и делувам онаму каде што можам и најдобро умеам, но ме потсети оваа ситуација многу слична на мојата па сакав да споделам.

Имено кога бев директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот имав за прв пат шанса(најверојатно и последен) да работам во јавна администрација и верувајте полошо е од што може да замислите.

Повеќето луѓе се неспособни партиски војничиња кои ниту сакаат да научат нешто ново но уште побитно не сакаат да работат. (уште потрагично кај нас беше што повеќето беа многу млади луѓе).

Без разлика што и да направев и колку и да се трудев да ги вклучам, охрабрам, мотовирам да работат, нивниот начин беше да си плачат во партијата која ги поставила тука а мене од таму да ми се јавуваат со секакви небулозни барања. (не би ми верувале да ви раскажувам што се имам слушнато). Мојот став беше секогаш ист и отворено го потенцирав – сите заедно се боревме против режимот и сега на нас е редот да ги департизираме и професионализираме институциите за да ни служат подобро, јас не доаѓам од ниедна партија и ако имате било каков проблем дојдете кај мене, не да си одите во партиите, тоа мора да го промениме.

Во агенцијата имаше два сектори, промоција и поддршка, со тоа и два раководители (поставени од претходно) едниот од ВМРО а другиот од ДОМ. И двајцата крајно непсособни кадри без капацитет, желба ниту ентузијазам за да одговорат на своите обврски и задолженија и чива работа крајно деструктивно делуваше на сите вработени, резултатите на агенцијата а со тоа нели на сериозна штета на целиот туристички сектор во Македонија.

Јас бев дециден и не сакав никаков компромис да правам во однос на тимот затоа што нели тоа е тимска работа а не “one man show”, посебно не на раководителските позиции.

Едниот (од ВМРО) кога виде дека не попуштам и дена нема да го чувам како што го чувале претходно почна лично да се заканува кој бил и како бил и што ќе ми направел. А другиот (ДОМ) правеше притисок кај коалициските партнери кои ме притискаа да си добие се што си бара и да си остане раководител.

Мојот одговор беше категоричен, дека не дозволувам такви луѓе на раководителски позиции и дека ако им е толкаво милениче дека без проблем ќе потпишам трансфер и да си го однесат во друга институција која ќе може да го тинтра. Тоа му го кажав и на него лично, чим има толку влијание и ми се јавуваат пратеници и луѓе на високи партиски позиции, да не си го трошиме времето и да си најде кај сака трансфер дека јас лично ќе го одобрам.

И така дечки јас бев разрешен за тоа што три месеци претходно на службено патување сум летал во бизнис класа, карта набавена од друга институција (СОЗР) за чии злоупотреби со авионските карти имаше обиди од некои медиуми јавно да се обелоденат но мислам дека заврши без успех. Јас бев разрешен за неодговорно работење а можете слободно да погодите кој ме наследи и кој е сеуште директор.
Да тој од ДОМ.

Ете така ние ги департизираме и професионализираме нашите институции дечки. ПАРЦЕЛА ДА Е!!!