Молдавските политичари Сергио Тофилат и Генади Косован ги шокирале гледачите со тепачка во текот на емисија за дискусија, пренесува “DPA”.

Тофилат, поранешниот советник на претседателката Маја Санду, го нокаутирал Косован, поранешен заменик министер за внатрешни работи. Имало и давење, односно фаќање за врат.

Видеото објавено на интернет покажува дека Косован во почетокот останал неподвижен по инцидентот.

Ситуацијата наводно се влошила откако Тофилат го навредувал Косован во текот жестока расправа за политичката ситуација во Молдавија.

Тогаш Косован го полеал Тофилат со чаша вода по глава.