Во понеделникот околу 21 часот во Полициската станица Прилеп, Ф.В. (47) од с. Крушејца, прилепско, пријавил дека неговиот сосед П.Т. (61) од Скопје, кој престојувал во с. Крушејца, со огнeно оружје го усmртил неговото куче, по што го фрлил на непозната лоkација во атарот на селото.

По извршениот увид биле пронајдени две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В. а потоа го фрлил надвор од населено место.

Тој го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка „Застава М 72“, кое го поседувал без дозвола.