Ракометниот репрезентативец и член на Вардар, Филип Талески ви разговор за емисијата „Бекстејџ“ открива дека се наоѓа под притисок поради бројните критики и навреди кои доаѓаат на негова адреса. Македонскиот репрезентативец смета дека критиките се едно и тие се потребни кога некој не одигра на своето ниво, но дека болат навредите на социјалните мрежи.

– Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот. На моите интервјуа и на моите статии има најмногу омразени коментари. Никој не им забранува на луѓето да коментираат, но на секој треба да му се забрани директно во пораки да им се обраќа на спортистите.

Според мене тоа е недопустливо, секој коментира и затоа ги има тие омразени коментари – изјави Талески за „Бекстејџ“.