Евровизија се врати во стариот сјај, со публика и изведувачи на сцена. За разлика од минатата година кога беше откажана поради андемијата со коронавирусот годинава, Евровизија сега блесна во Ротердам Холандија. 65-тото издание започна како и во изминатите години, спектакуларно.

Васил Гарванлиев е нашиот евровизиски претставник кој настапи на првата полуфинална вечер со песната „Here I stand“. Среќа за влез во полуфиналето, му посака и премиерот Зоран Заев на својата фејсбук страна, кој ја повика дијаспората да гласа за него.

И покрај тоа што на првата полуфинална вечер на Евросонг не успеа да влезе во финале, нашиот претставник Васил Гарванлиев имаше забележителен настап. Неговата сигурност на сцената му донесе огромни аплаузи, но кога е музичката манифестација во прашање, очигледно е дека важи правилото – Нема правила, и до последен момент останува неизвесно кој ќе ја однесе победата.

Јавноста беше поделена, едни даваа поддршка, а други го критикуваа на социјалните мрежи.
По повод негативните коментари, на својот инстаграм профил се огласи и колешката на Васил, Тамара Тодевска која го имаше Васил како придружен вокал кога таа беше претставник на нашата земја на Евровизија.

,,Цела ноќ и сабајле читам коментари, статуси на Фејсбук и Твитер. Едни пресреќни, други пцујат што не сме победиле (а богами бевме боље од онаа лошата копија на Колдплеј или што би рекла Ивана-Колдплеј за сиромашни), трети хејтаат до зла бога и назад.”

,,Вие што хејтате, голем дел од дијаспората (секоја чест на исклучоци) и слични малоумни коментари, покажаа дека сами си го одземате она што е македонско во вас.
Синоќа само еден народ беше против Македонија (северна, источна, каква сакате). македончето. Со мала буква е” – пишува во меѓудругото Тамара на својот инстаграм профил.