Sвездата на Wonder Woman, Гал Гадот, родена во Израел и една од најуспешните akтерки по потекло од оваа држава, не сакајќи запали огнена бура на „Твитер“ со објава во средата.

Во твитер-објава за неодамнешното насилство меѓу Израел и Палестина таа вели: „Срцето ми се крши. Мојата земја е во војна“.

„Израел заслужува да живее како слободна и сигурна нација. Нашите соседи го заслужуваат истото тоа“, пишува 36-годишната актерка.

„Се молам за жртвите и нивните семејства, се молам да заврши ова незамисливо непријателство, се молам нашите лидери да изнајдат решение за да можеме да живееме рамо до рамо во мир. Се молам за подобри денови“.

Реакцијата на нејзиниот твит беше брза и жестока. Некои корисници на социјалната мрежа ја прозваа за користење на зборот „соседи“ наместо да каже Палестина и дека не ги споменува Палестинците што се ybиени.

Други ја етикетираа како ционист потсетувајќи на нејзината двегодишна служба во израелските одбранбени сили од 2005 до 2007 година. Тие повикаа да биде заменета во претстојниот трет филм за суперхеројката во Wonder Woman.