Директорската фотелја во Државниот пазарен инспеторат останува празна. Владата го разреши првиот човек на ДПИ Стојко Пауновски, известува ТЕЛЕВИЗИЈА 24.

Како што пишува ТЕЛЕВИЗИЈА 24 неколкудневните закани за разрешување на Пауновски премиерот Зоран Заев денеска топката ја префрли на Владата. Рече не сака да се расправа преку медиуми. Додавајќи дека Од коалициониот партнер ДУИ немало никакво барање дали да се разреши или не дирекротот на ДПИ.

Утрово на Илинденска број 2 – тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат имаа и едночасовна средба со премиерот Заев. Вработените во инспекторатот со кој раководи Стојко Пауновски потпишаа петиција која ја доставија до Владата и бараа тој да не биде разрешен.

Судирот меѓу Пауновски и премиерот излезе на виделина откако директорот на ДПИ одби да прими 35 рамковно вработени со несоодветно образование и квалификации. Пауновски им соопшти дека на Пазарна не и се потребни безлични административци, туку инспектори со адекватно овразование.

Од Владата пак пред неколку дена соопштија дека Инспекторатите ќе добијат и нови 104 вработувања, од кои 15 се токму за ДПИ каде е директор Пауновски. Но, овие 15 не се според Рамковен, туку ќе бидат инспектори токму со потребните квалификации, за кои се залага Пауновски. Владата тврди дека за ваквата одлука информиран бил и Пауновски, но проблемот се наметна околу рамковните кадри.

Пауновски рече дека за 12 административци со Економски и Правен факултет, нема проблем, но останатите кои се со 180 кредити и можат да работат само обична администрација нема каде да ги смести, стои во веста пласирана од ТВ24.

ИЗВОР: ТВ24