Ги тргнавме тие претстави кај што има бацување. Највеќе ми фали таа сцена со стујардеса со Тино. Но не нешто дека ми фали. Му се јавувам и доаѓа и се бацуваме. Тоа го праиме приватно. 9 години веќе се бацуваме. На 27 март славевме 9 години постоење од Театар комедија. Нека се множат, велат Тино и Атанас во емисијата „Еден на еден“ кај Жаре.

Игравме цел февруари, игравме шест, седум претстави. Мислевме дека нешто ќе се деси да паднеме кондиционо, но тоа ти е како точак, еднаш научуваш и возиш, додаваат тие.

За тоа што правеле во текот на годината, Атанас вели: Домаќински муабети, со синот по дома. Порасна тој. Тој ни е второродениот син, ова е првиот, вели тој мислејќи на Тино.

Вие гледате во продолжение „Само вистина“ со Димитар Апасиев и Стојанче Ангелов најавува Жаре, иако нормално тоа е шега со гласовите на Тино и Атанас.