Александар е мој внук од братот на сопругот и сите сме вознемирени поради неговото исчезнување. Тој со родителите живее во Германија веќе 20 години, но често се случуваше да дојде во Македонија сам, бидејќи нема сопруга и деца., пишува ФОКУС

Ја поминал границата, забележан е на 18-ти февруари на видео надзорот на Табановце, и од пасошка контрола, и тоа е се што знаеме – во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Надица Белдедовска од Берово, апелирајќи до јавноста, доколку некој има информации за Александар, веднаш да се обрати во полиција.

Раскажува дека Александар бил добар човек, интелигентен, но во последно време се борел со депресијата. Работел како водоинсталатер, но изминатиот период паузирал со работа

Татко му е болен, тој тоа добро го знае. Избезумени се со мајка му, не знаат што се случува. Веруваат дека никогаш намерно не би заминал без траг. Од Германија до Македонија тој патувал сам со автобус. Според информациите кои ги имаме, планирал да остане две недели овде.

Не знам зошто, но со себе носел пари, не ја знам точната сума, но не носел ниту една платежна картичка. Не носел ниту телефон, во Германија ги оставил и клучевите од станот. Кога неговите родители го пријавија случајот во полицијата во Германија, веднаш бил извршен увид, биле проверени телефоните. Во нив не нашле ништо сомнително што би укажувало дека имал намера да исчезне или пак да си направи нешто – вели Белдедовска.

Додава дека има сознанија дека Александар не се качил на автобус од Скопје кон Берово, односно дека по влезот на Табановце му се губи трагата.

-Тој е висок околу 175 сантиметри, средна градба. Кога заминал од Германија со себе носел само еден ранец, тренерки и јакна во темна боја, високи чевли – цокули. Поради депресијата, беше под терапија. Кога започна пандемијата и строгите карантини во Германија, состојбата уште повеќе му се влоши. Но, јас лично не верувам дека би кренал рака на себе. Повеќе стравувам дека можеби бил нападнат, ограбен, не знаеме што да мислиме, чекаме вести од полицијата, или пак од граѓани доколку го забележат – вели таа.

Појаснува дека откако ја објавила неговата фотографија и апелот на социјалните мрежи, добила пораки во кои луѓето ја прашувале зошто се чекало толку време.

Целиот текст прочитајте го на Фокус ОВДЕ