Претседателот Стево Пендаровски за случајот 27 април вели дека луѓето кои влегоа во Собрание не се теорирсти. Тој вчера во Само интервју на канал 5 додаде дека и казните се големи и дека треба да иима повторно отворање на случајот.

„Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа“, нагласи Пендаровски.

Пендаровски додаде дека луѓето кои влегоа внатре не се терористи, дури и оние кои што физички напаѓаа луѓе. Тие физички кои што напаѓаа луѓе треба да одговараат за претепување, како што беше за Зијадин Села и Радмила Шекеринска. И за организирање на таков настан 18 години се многу.

„На Мицкоски изјавата беше на место, единствен начин со кој што можеш да ја расчистиш маглата ако мислиш дека ја има околу целиот тој настан е со нови докази, со нови сведоци евентуално, и да бараш преотворање на случајот.

За тоа што јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури“, рече Пендаровски.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, никогаш не разговарал за амнестија на осудените за случувањата од 27 април.

– Директно прво ќе ви одговорам на прашањето дали беше дел од договорот со Мицкоски амнестија на напаѓачите, насилниците и организаторите на 27 април на нашата последна средба која што ја имавме. Прво, господинот Мицкоски никогаш не зборува за тие луѓе и тој треба да одговори дали заради тоа што се смета соучесник со нив не го отвора ова прашање. Никогаш на ниту една средба тој не го отворил ова прашање. Ама и ризикот ако се обиде да го отвори ова прашање нормално ќе мора да го понесе пред целата јавност, рече Заев одговарајќи на пратенико прашање дали имаат договор со лидерот на опозицијата по ова прашање.

Дваесет и седми април, според премиерот, е еден од најгроморозните и најлошите настани од самостојноста на нашата земја.

– Тоа што го видовме пред неколку дена како собир за поддршка на луѓе правосилно осудени, со правосилна судска пресуда, за луѓе коишто пред очите на целата јавност се обидоа да одземат човечки животи, носеа оружје да бидат поддржани навистина за мене е застранување, забегување или соучесништво, ништо друго освен тоа, затоа што кој и да е задраворазумен најмалку што може да направи е да се огради од тоа, да повика да не се повтори и секако да го осуди настанот, нагласи Заев.