Соживот во Охрид отсекогаш постоел. Христијани, муслимани, генерации и генерации другаруваат и се почитуваат. Сите ние имаме искрени пријатели од различна вероисповед. Христијаните ги почитуваат муслиманските обичаи и празници, а и обратно.

На ул. Марко Нестороски во Охрид свештеник и помлади луѓе-муслимани денеска го докажаа токму тоа.
Изминативе денови свештени лица одеа во домовите за да ги осветат, наспроти големиот христијански празник Велигден. Во исто време муслиманите се подготвуваат за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам кој ќе го прославуваат ноќта меѓу 12 и 13 мај.

Случајната средба на свештеник и помлади луѓе-муслимани кои со тапани го најавуваат „Ифтар“ или време кога муслиманите можат да јадат после дневниот пост, остана овековечена преку фотографија која предизвика многу позитивни коментари, да биде пример за соживот на идните поколенија.