Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложила полицискиот час од 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината. Исто така, по три недели, ќе можат да се отворат кафулињата и рестораните, но само терасите и градините, пишува СлободнаЕвропа.

Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, која за него треба да одлучи на седница. Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час од среда, 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината. На денот на празнувањето на празниците Велигден и Рамазан полициски час нема да има, дознава Дојче веле. Од среда се отвораат и летните тераси на кафулињата. Ваквиот предлог, Комисијата треба да го достави до Владата, којашто треба да донесе одлука дали ќе се отворат летните тераси на кафулињата во пресрет на празниците.

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи информираше дека

на редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите разговарале за состојбата низ болниците во текот на изминатиот викенд.

Целиот текст на Слободна Европа Комисијата предлага скратен полициски час за Велигден (slobodnaevropa.mk)

ПОВЕЌЕ СОДРЖИНИ: НOВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ: Поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95

Од ноќеска на полноќ поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денари на 67 денари за лита.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС -98 останува 69 денари, а на дизелот 58,5 денари за литар.

Намалување има и кај малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,400 и таа ќе изнесува 34,592 денари за килограм.

Цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) останува на 58 денари за литар.