Комитетот за натпреварување при Европската фудбалска федерација (УЕФА), донесе одлука дека од наредната сезона повеќе нема да важи правилото за гол постигнат на гостински терен.

Правилото за гол на гости беше воведено во време кога се правеше фудбалот да стане поатрактивен, гостите да не се бранат, туку да се обидат да погодат и да се стекнат со предност. Прв пат се примени пред 56 години во тогашниот Куп на куп победниците.

Сепак, во последните години, фудбалот многу се смени и тоа правило за гол на гости, едноставно им сметаше на многу од екипите. голот на гости важеше и по 90 минута, односно во продолженијата 2 по 15 минути што во тој момент го правеше фаворит еден од двата тима.