Пред неполн месец, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, пред галијата одржа пресконференција од каде ја најави акцијата за уривање на галијата.

Неколку дена откако започна уривањето, акцијата беше стопирана, бидејќи сопственикот на истата поднел жалба.

На тогашната пресконференција Шилегов изјави дека сопственикот со месеци не плаќал кирија за истата, со што се создаде можност да се раскине овој договорот. На оваа изјава, се огласи и сопственикот кој појасни дека воопшто не должи за кирија на објектот.

Не се отстранува галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје. Неколку дена откако екипи на ЈП „Улици и патишта“ со асистенција на полиција почнаа со отстранување на инвентарот во бродот, акцијата е стопирана. Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека сопственикот поднел жалба и донесена е времена мерка за стопирање на извршувањето додека судот одговори на жалбата, пишува СДК.МК

Град Скопје на 5 април почна со отстранување на галијата, а на прес-конференцијата која дента пред бродот ја одржа градоначалникот Петре Шилегов кажа дека се исполнети сите услови тој да се тргне од коритото на реката.

„Сопственикот неколку месеци не плаќаше кирија, со што се создаде можност да се раскине овој договорот. Нивната жалба беше одбиена од Апелациониот суд, исполнети се сите правни услови. Демонтажата ќе ја врши ЈП ‘Улици и патишта‘, а потоа фактурата ќе биде испратена на сопственикот. Градот нема да има никакви финансиски импликации“, кажа Шилегов на прес-коференцијата за уривање на бродот.

Сопственикот на галијата „Сидро“, кој е бугарски државјанин, смета дека незаконски се урива објектот во реката Вардар. Во негово име, кога почна уривањето управителот на фирмата „Сервис АД“ Жарко Миленковски кажа дека немаат никакви долгови кон Градот.

„Урбаната опрема се урива без судско решение. Ние за време на пандемијата испративме допис до Градот, но не добивме одговор. Сега сите кирии се платени. Ова е инвестиција од 1.2 милиони евра на бугарски државјанин, не е добра порака која се испраќа до странските инвеститори“, рече Миленковски.

Сите информации прочитајте ги на СДК.МК САМО ШТО ПОЧНА, СТОПИРАНО УРИВАЊЕТО НА ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР ОТИ СОПСТВЕНИКОТ ПОДНЕЛ ЖАЛБА – Сакам Да Кажам (sdk.mk)