Министерот за здравствио Венко Филипче, рече дека трендот на намалување на новозаразените продолжува, а тој е задоволен од интересот за вакцинација, бидејќи само во мај се пријавиле нови 130.000 граѓани за вакцинација, и затоа, според него, нема потреба засега кај нас од награди како во Србија.

„На состанокот на Комисијата за заразни болести, после деталната анализа на пресекот кој редовно го правиме на секои две недели, констатиравме дека е очигледно дека трендот на намалување на бројот на новозаразени продолжува, двоцифрена бројка и за време на викендите, тоа е тренд на намалување и нешто што не беше случај помеѓу двата претходни брана, кога се задржа едно плато. Понатаму, има значајно испразнети болнички капацитети, и хируршките одделенија практично сите, освен еден дел одделението ТОАРИЛУЦ се вратени во функција, Заводот Козле исто така, а исто ќе се прави и на детската биолница во Козле и други одделенија се враќаат во функјција“, рече Филипче.

Истиот тренд, спопред него, го има и во болниците ширум државата, повеќе од половина од капацитетите се слободни, и таму останатите одделенија се враќаат во нормална работа.

„Тоа смирување даде за право да се предложат одредени попуштања на рестрикциите, односно полицискиот час да почне од 24 часот на полноќ, а угостителските објекти да работат до 23.30. Понатаму, отворање на фитнес центрите и теретаните, како и дозвола да се одржуваат спортските натпревари, за што имаше специфични барања, како и настаните на отворено и затворено, до 30 отсто, со задолжително носење маски“, нагласи министерот.

Вакцинацијата добро се одвива, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од нив 23.000 граѓани се ревакцинирани. Така што, со таа динамика од околу 10.000 граѓани на ден продолжува процесот на вакцинација.

Денеска стигнуваат и 10.000 вакцинио на Фајзер, по пет од нашиот договор и од систермот на солидарност од ЕУ. Донацијата од кинеската армнија ќе стигне на 15 мај. Согласно тие најави го правиме распоредот, објасни министерот.

„Оние 170 илјади граѓани кои се до онаа прва група до направениот пресек на 30 април, се тие кои сега се вакцинираат. Дополнително се пријавени околу 130.000 граѓани, што значи дека граѓаните добро го следат апелот да се пријавуваат на сајтот вакцинација.мк“, рече Филипче.

На прашањето дали во земјава се планира да се направи кампања по примерот на Србија, како би се подигнала јавната свест за вакцинација, Филипче рече дека смета дека нема диополнителна потреба за никаква форма на награда.

„Оваа дополнителна бројка што е пријавена од крајот на прил до сега, а тоа се 130.000 нови граѓани, мислам дека е добар знак. И засега, мислам дека навистина има добар интерес. Дел од кампањите почнаа, дел ќе стартуваат, и јас сметам дека заега одзивиот и интересот е навистина добар“, рече Филипче.

Тој нагласи дека и сега има кампањи, видеа кои се снимани со здравствените работници, кои укажуваат што значат вакцините.

На прашањето дека одредени граѓани што одамна се пријавиле уште не добиле термин, Филипче рече дека од сите граѓани кои се пријавени до 30 април, сите веќе добиле или ќе добијат термин до 15 мај, и тоа е споеред возрасната граница.

„Се спушта возрасната граница. Некаде, во некои градови, каде што нема доволен број на пријавени постари граѓани, дури и граѓани на до 40 години добиваат термин. Бројката на вакцинирани граѓани над 70 години е 33 отсто“, рече Филипче.