Можно е од 1 јуни да биде укината мерката за задолжително носење на маски на отворено, за што ќе одлучува Комисијата за заштита од заразни болести на состанок идната недела.

Ова го изјави министерот за здравство, Венко Филипче за ТВ21, кој најави дека наредната недела Комисијата ќе одлучува какви мерки за заштита од ковид-19 ќе бидат активирани од 1 јуни, како и дека ќе се разговара за евентуално укинување на мерката за носење маски на отворен простор.

„Можно е да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски. Следната недела ќе има состанок Комисијата, која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1 јуни“, изјави Филипче.