Откако бројот на новозаразени константно се намалува, утрово, министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил сподели дека на состанокот на Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ќе бидат предложени на Главниот координативен кризен штаб.

Полицискиот час од среда да почнува од 24, а угостителските објекти да работат до 23.30 часот, е предложено на денешниот состанок на Централниот кризен штаб, а одлуката треба да биде усвоена на утрешната владина седница. И понатаму дозволено ќе биде да работат само летните тераси на угостителските објекти, напиша Филипче.

Тој исто така, соопшти дека ќе може да се организираат настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 проценти од целосниот капацитет.

Министерот соопште дека, е предложено да се зголеми бројот на градиниките, да се отворат фитнес центрите и теретаните.
За здравствените работници е дозволено да искористат старите и новите годишни одмори.