Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција пред вакциналниот пункт кој се наоѓа во спортската сала ,,Борис Трајковски” A1 арена најави дополнително олабавување на мерките, доколку и во иднина продолжи овој тренд на намалување на бројот на заразени од корона вирусот.

Министерот Филипче најави и организирање на свадби на отворен простор со сите здравствени протоколи, доколку продолжи трендот на намалување на нови случаи заболени од Ковид-19.

„Притисокот спласнува и во околните земји. Овие мерки е решено дека ќе останат до први јуни. Дали овие трендови ќе продолжат понатаму, дополнително ќе одлучуваме со Комисијата за заразни болести. Будно ја следиме ситуацијата и треба да бидеме внимателни. Маските ќе се носат и понатаму, а можно е да има олабавување на мерките ако продолжи овој тренд. Со ваквиот број на новозаразени, ќе биде дискутирано да се дозволат свадби по протоколи на отворен простор“, истакна Филипче.