Утрово, министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека угостителските објекти за свадби и прослави најверојатно ќе може да работат од крајот на мај

Сепак, тој рече дека ќе се почитува препораката што ќе дојде од Комисијата за заштита од заразни болести, а во зависност од епидемиолошката состојба и бројот на заразени.

„Ние секоја недела носиме полабави мерки. Ако тоа го дозволи ситуацијата и овие објекти ќе може да работат по посебни протоколи“.
Тој очекува, доколку Комисијата за заразни болести даде позитивно мислење на 15 мај, да се дозволи вакво работење на објектите веќе од почетокот на јуни. Дотогаш би се одредувале протоколи кои би важеле за нивното функционирање, кои исто така треба да добијат согласност од Комисијата.

По оваа вест, веќе почнале договори и преговори со музичките артисти за разни свечености. Меѓу оние кои добиле повик била и фолкерката Сања-Сани Гроздановска.
Таа на својот фејсбук профил преку статус ја сподели веста и порача:
,,Почнаа со букурање на свадби, ајде аирлија. Венко те сакам! ”