Џими Кимел е официјално вакциниран против Ковид-19. 53-годишниот водител на популарното ТВ- шоу „Џими Кимел лајф“ се појави на Инстаграм во вторникот за да ја сподели веста.

Комичарот и во оваа пригода реши да направи нешто интересно за своите следачи на социјалната мрежа, па така, сподели фотографија на која покажува фотошопирани бицепси.

Интересниот снеп го покажува Кимел седнат на стол со засукан ракав од маица, додека медицински работник става игла во мускулот на надлактицата.

И покрај тоа што се пофали со статусот „вакциниран“, познатиот водител не откри дали примил вакцина Модерна, Фајзер или Џонсон и Џонсон.